Дома Фудбал Наследникот на бројот 10 во Реал Мадрид би можел да биде сериозно изненадување

Наследникот на бројот 10 во Реал Мадрид би можел да биде сериозно изненадување

Хрватската легенда Лука Модриќ го напушта Реал Мадрид по 13 години. Познатиот плејмејкер заминува во Милан, па дресот со број 10 после цели осум години ќе го преземе некој друг. Веќе се наѕираат кандидати за ‘десетката’, а можеби ќе се случи и сериозно изненадување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лука Модриќ ги носеше последните осум години дресот со број 10 во Реал Мадрид. Легендарниот плејмејкер ја презеде ‘десетката’ откако Џејмс Родригез замина од клубот во 2017 година и никој не се осмели да го побара овој број, иако низ екипата поминале многу ѕвезди.

Сепак, како што Лука од следната сезона повеќе нема да биде во Мадрид, познатиот број оди во рацете на некој друг и Реал во наредните денови ќе донесе одлука кој ќе го носи овој дополнителен товар.

Килијан Мбапе се издвојува како најсериозен кандидат. Тој во дресот на француската репрезентација го носи овој број, а покрај него тука е и Арда Гулер. Интересно е што ниту еден фудбалер официјално не побарал бројот.

Како кандидат од сенка се спомнува и Бразилецот Родриго, но малку се шансите дресот со број 10 да му биде даден на играч кој не е клучен во проектот на Чаби Алонсо и кој би можел да си замине ова лето.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Необчна ситуацијана СП: За прв пат домаќинот ќе игра во нокаут фазата надвор од своите граници

Репрезентацијата на Канада првпат во историјата се квалификуваше за нокаут фазата на Светс…