Дома Фудбал Добри вести за Арсенал: Лајпциг ја намали цената на Шешко

Добри вести за Арсенал: Лајпциг ја намали цената на Шешко

Германскиот клуб Лајпциг ја намали цената на Бењамин Шешко, кој е главна трансферна цел на Арсенал за летово.

До сега се тврдеше дека управата на „Црвените бикови“ бараше меѓу 80 и 100 милиони евра за Словенецот. Оваа цена не беше прифатлива за лондончани. Според „Билд“, сега клубот од Бундеслигата е подготвен да се раздели со напаѓачот за 70 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Топчиите“ од почетокот на трансфер периодот се поврзуваат и со Шешко и со Виктор Ѓокерес. Цените на двајцата се приближно исти, но Словенецот е пет години помлад и затоа е претпочитан од англискиот клуб. Покрај тоа, на „Емирати“ сметаат дека Бундеслигата е многу поконкурентно првенство во споредба со португалскиот шампионат, па Шешко е подобро подготвен за предизвици во Премиер лигата.

Шешко, кој има договор со актуелниот клуб до јуни 2029 година, минатата сезона постигна 21 гол во 45 натпревари за РБ Лајпциг во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…