Дома Фудбал Санчо никој не го сака: Причината е – парите!

Санчо никој не го сака: Причината е – парите!

Џејдон Санчо дефинитивно нема да остане во Манчестер јунајтед, меѓутоа, има голем проблем да најде нов клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За англискиот крилен напаѓач интерес постоеше од многу клубови, но речиси сите се повлекоа од преговорите поради една причина – платата!

Санчо ја помина минатата сезона на позајмица во Челзи и играше променливо. Ситуацијата со Манчестер јунајтед не се промени ни по позајмицата, па многу е веројатно дека Санчо ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Фенербахче отвори преговори со Санчо, но брзо ги затвори и не дојде до сериозен контакт. Причината е огромната плата што поранешниот англиски репрезентативец ја бара. Ова не е првиот клуб што го одби Санчо поради високата плата.

Фото: Принтскин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го претстави новиот комплет опрема

Манчестер Јунајтед и “Адидас” го презентираа новиот домашен опремен сет за сезоната 2026/2…