Дома Фудбал Петровиќ го напушта Челси и се сели во клуб кој игра во Лигата на шампионите

Петровиќ го напушта Челси и се сели во клуб кој игра во Лигата на шампионите

Голманот на Челси, Ѓорѓе Петровиќ, иако имаше одлична епизода во Стразбур, не успеа да ја зголеми конкуренцијата на голот на „сините“, па сега е јасно дека го чека нов трансфер.

Интересот не недостасува, гласно се зборува за Монако и Лидс, но според последните информации, фаворит за потписот на репрезентативецот на Србија е Галатасарај.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Турските медиуми пренесоа дека договорот помеѓу Петровиќ и Галата е блиску, и дека сега останува да се пронајде модел кој ќе одговара и на Турците и на Челзи.

Клубот од Лондон бара фиксни 25.000.000 евра, додека управата на Галатасарај понуди средства за позајмица која би се претворила во обврзна откуп по крајот на сезоната.

Галата сака да обезбеди квалитетно решение по заминувањето на симболот на клубот, Фернандо Муслера, по 14 години поминати во Истанбул, па доаѓањето на квалитетен чувар на голот е приоритет во настојувањето да постигне забележителен резултат како на домашната сцена, така и во Лигата на шампионите.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендите го “закопаа” арогантниот Србин, тој е подготвен самиот да си ја уништи кариерата

Душан Влаховиќ е отфрлен во Јувентус. Србинот нема да биде првиот напаѓач на клубот од Тор…