
Топџиите зад себе имаат уште една “бледа” сезона во која не успеаја да освојат ниту еден трофеј.
Навивачите на Арсенал веќе долго време се надеваат на титулата во англиската Премиер лига, но засега на Топџиите тоа не им тргна.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Следната сезона тоа сигурно ќе биде еден од најголемите цели, а за да пробаат да го остварат тоа ќе мораат да го засилат својот играчки кадар.
Арсенал веќе официјализираеше еден трансфер, а станува збор за доаѓањето на Кепа Арисабалага од редовите на Челзи.
Сепак, за да остварат нешто поконкретно, ќе мораат да доведат уште нови, квалитетни играчи, и веќе некое време се шпекулира кого би можело да доведат.
Најинтензивна е приказната околу засилувањата во самиот врв на нападот, а најблиску до Емирати според пишувањата на светските медиуми се Бенџамин Шешко или Виктор Ѓокерес.
Покрај позицијата на центарфор, Арсенал планира да се засили и на позицијата крило, а порано изразуваа интерес за Нику Вилијамс, Еберечи Езе и Родриго.
Вилијамс извесно ќе стане нов играч на Барселона, но и приказната околу Езе и Родриго во последно време прилично се смири.
Како што наведуваат шпанските медиуми, поточно “Fichajes”, Арсенал се сврти кон новата опција, а станува збор за Карим Адјејеми.