
Барселона зад себе има една многу успешна сезона под раководството на тренерот Ханси Флик.
Каталонскиот клуб го освои Суперкупот на Шпанија, Купот на кралот, и на крајот “глазура на тортата”, титулата на шпанското првенство пред нивниот најжесток ривал – Реал Мадрид.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сепак, Флик и неговиот стручен штаб се познати по своите високи амбиции, па така од Блауграна следната сезона се очекува уште повеќе.
За да ги остварат поставените цели, Каталонците ова лето ќе се свртат кон трансфер пазарот и ќе се обидат да доведат неколку засилувања.
Најинтензивни се приказните за доаѓањето на Наико Вилијамс кој речиси сигурно од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона.
Но, тука нема да биде крајот. Барса ќе се обиде да донесе засилувања и во задната линија, а на повидок е враќање на еден поранешен играч.
Станува збор за Жоао Кансело кој го носеше дресот на Блауграна во сезоната 2023/2024 како позајмен играч од Манчестер Сити.
Португалецот моментално настапува во Саудиска Арабија, односно игра за екипата на Ал Хилал од август минатата година.
Како што известуваат шпанските медиуми, Барселона е заинтересирана да го врати десниот бек во своите редови и ќе се насочи кон него ова лето.