Дома Фудбал Халанд синоќа ги надмина Меси, Роналдо и Мбапе

Халанд синоќа ги надмина Меси, Роналдо и Мбапе

Манчестер Сити синоќа го декласираше Јувентус со високи 5:2, а Ерлинг Хааланд со постигнатиот гол испиша нова историја во фудбалот.

Норвежанецот со овој гол испиша нова страница во историјата на фудбалот и го постигна својот 300-ти гол во кариерата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За овој јубилеј му беа потребни само 370 натпревари, со што стана играч кој најбрзо го постигнал ова во историјата на фудбалот.

На тој начин ги надмина великите имиња на најважната споредна работа на светот – Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килиан Мбапе и многу други.

За споредба, на Кристијано му беа потребни 554 натпревари за оваа бројка на голови, на Меси 418, а на Мбапе 409 натпревари.

Тешко е да се очекува дека некој во блиска иднина ќе го “симне” рекордот на Хааланд, кој уште еднаш покажа каков фудбалски талент е.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Омерагиќ се сретна со еден од најуспешните македонски тренери!

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари работна сре…