Дома Фудбал Модриќ го прашаа што му е омилено во Америка – неговиот одговор ги изнасмеа сите (Видео)

Модриќ го прашаа што му е омилено во Америка – неговиот одговор ги изнасмеа сите (Видео)

Легендата на хрватската репрезентација и Реал Мадрид, Лука Модриќ, успешно ја помина групната фаза на Светското првенство за клубови, а маестралниот врзан играч е еден од омилените фудбалери меѓу навивачите во Америка.

Кога и да влезе од клупата на теренот во второто полувреме, добива огромни овации од трибините, а така беше и во дуелот против Салцбург, каде што Реал Мадрид победи убедливо со 3:0 и си обезбеди прво место во групата.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Лука Модриќ сега со своите соиграчи во осминафиналето ќе ги одмери силите со Јувентус, каде што се наоѓаат Душан Влаховиќ и Филип Костиќ, а нема сомнение дека овој дуел на двата гиганти ќе биде посебно интересен.

Хрватот е исто така интересен и за медиумите и креаторите на социјалните мрежи, сите се трудат да добијат од него одреден материјал кој ќе се гледа и споделува на мрежите, а еден таков момент беше за време на средбата со Џек Гримс, тиктокер кој прави содржина поврзана со фудбалот.

Додека играчите на Реал даваа автограми, тиктокерот му се обрати на Модриќ и го праша што му е омилена работа во Америка.

Лука Модриќ очигледно не го очекуваше прашањето, па остана изненаден, а очигледно не знаеше ниту што да одговори.

По кратко размислување, Модриќ одговори кусо.

Навистина не знам – одговори Лука Модриќ со насмевка, по што беше запрашан дали повеќе ја преферира Европа, на што Хрватот одговори потврдно.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Уништенa e кариерата на големата ѕвезда, не може повеќе да направи ни чекор: Се молам за чудо

Некогашната фудбалска ѕвезда Жерард Деулофеу е веќе речиси три години надвор од теренот. З…