Дома Топ вести На Валверде не му треба Кутињо, ова е првата цел за јануари!

На Валверде не му треба Кутињо, ова е првата цел за јануари!

valverde

Валверде смета дека има доста голем број на важни играчи и не гледа зошто во јануари би требало да потроши пари за Кутињо.

Каталонците се одлични, имаат +8 во однос на Реал, а приоритет им останува одбраната, поточно стопер. Поранешниот тренер на Билбао од управата бара да му доведат само дефанзивец, со оглед на тоа што нема замена за Пике и Умтити. На Вермален не му верува, Маскерано го отпиша, смета дека и не е стопер, без оглед што играчот игра на таа позиција веќе со години.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Јери Мина не е играч кој би ги задоволил неговите критериуми, иако се шпекулира дека Колумбиецот би можел да пристигне во клубот на лето. Првата цел е Матијас де Лихт од Ајакс. Тој има 18 години и е играч за иднината, во Барселона го следат цела есен и сакаат да го доведат уште во јануари. Ветено му е дека ќе добие шанса во текот на летото, Каталонците сакаат да ја избегнат трката со англиските тимови во текот на летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…