Дома Останати Кошарка Хит сцена: Вработена во хотел не го препознала Јокиќ, нејзиниот сопуг урнебено реагирал (Фото)

Хит сцена: Вработена во хотел не го препознала Јокиќ, нејзиниот сопуг урнебено реагирал (Фото)

Италијанските медиуми објавуваат дека трикратниот МВП на НБА лигата, Никола Јокиќ од Денвер Нагетс, преноќил во мало место во Италија, Ферара, додека жената која го води хотелот не знаела кој е тој.

Анестезиологот и директор на хотелот, Алесандро Запароли, споделил една кратка и смешна приказна, што ја нарекол истовремено и „тажна“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


“Мојата сопруга има мал пансион во Ферара. Еден ден, ми испрати фотографија од многу висок човек кој престојувал кај нас, велејќи ми: ‘Дојде да гледа коњи и сега си замина.’ Ми испрати фотографија и ме праша: ‘Го препознаваш ли?’… Прашувајќи ме дали го знам најдобриот кошаркар на светот”, раскажал тој.

Кога нејзиниот сопруг и одговорил дека тоа е Никола Јокиќ, го објаснил дека станува збор за еден од најдобрите светски кошаркари, жалејќи што и самиот немал можност да го сретне и запознае.

Според изворите од Италија, ова не била прва посета на Јокиќ, кој наводно претходно дошол во истото место пред четири години, кога ги посетил локалните штали заедно со својот татко.

За потсетување, пред две години слична ситуација се случи и во Босна и Херцеговина, поточно во Горажде, каде што Јокиќ кратко застанал, а локалната продавачка не го препознала додека купувал пиво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јанис: Ќе играм на Евробаскетот ако сум потполно здрав

Играчот на Милвоки Бакс Јанис Антетокунмпо ја потврди својата намера да ја претставува Грц…