
Третото коло од групата Г на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави, ни донесе Интересно дерби меѓу Јувентус и Манчестер Сити.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Граѓаните“ поведоа уште во деветтата минута преку Доку, но Копмајнерс само две минути подоцна успеа да го израмни резултатот.
Екипата на Пеп Гвардиола продолжи со нападите по тоа, а наградата стаса во 26-тата минута. По впечатливо продирање по страничната линија од страна на Савињо, топката заврши на средината, каде што дефанзивецот на Јувентус, Пјер Калулу, иако беше без никаков притисок и опасност, ја испрати во сопствената мрежа.
Игор Тудор беше вчудоневиден по постапката на својот дефанзивец, но неговите соиграчи го охрабруваа по несреќниот потег.
Погледнете го автоголот во продолжение: