Дома Фудбал Жиру може да се врати во Франција

Жиру може да се врати во Франција

Францускиот ветеран Оливие Жиру можеби изненадувачки ќе се врати во Франција и ќе го облече дресот на Лил, пишува весникот “Уест Франс”.

Лил бара замена за канадскиот репрезентативец Џонатан Дејвид, кој веќе има договор со Јувентус, како и Едон Жегрова, кој има дозвола од клубот да направи излезен трансфер и е блиску до премин во Наполи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


38-годишниот Жиру, кој е светски шампион со Франција од 2018, беше контактиран од Лил и изрази подготвеност да се врати во Лига 1, каде можеби ќе ја заврши својата кариера. За таа цел, централниот напаѓач треба да најде начин да го раскине договорот со ФК Лос Анџелес, со кој веќе отпадна од Светското клупско првенство.

Оливие Жиру не играл во Франција веќе 13 години, откако ја напушти земјата како шампион со Монпелје. Во меѓувреме, тој играше за Арсенал, Челзи и Милан, пред да се пресели во Мејџор Лиг Сокер.

Напаѓачот е рекордер по голови за репрезентацијата на Франција, со 57 гола во активот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал започна преговори со Валенсија

Раководството на Арсенал започна преговори со Валенсија за централниот дефанзивец Кристија…