Дома Фудбал Ѓокереш повторно ги променил приоритетите – сега сака во Манчестер Јунајтед

Ѓокереш повторно ги променил приоритетите – сега сака во Манчестер Јунајтед

Виктор Ѓокереш повторно ги променил своите приоритети, воден од големата желба да го напушти Спортинг Лисабон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Долго време се зборуваше дека Швеѓанецот најмногу сака да премине во Арсенал. Во средината на месецот во еден од спортските дневници во Португалија се појави информација дека агентите на напаѓачот го известиле Манчестер Јунајтед, кој исто така покажуваше интерес, дека Ѓокереш не сака трансфер на “Олд Трафорд”.

Во Арсенал, сепак, презедоа тактика на чекање и во моментот се знае дека имаат две главни опции за нападот – Бенјамин Шешко и Ѓокереш, но не даваат официјална понуда за ниту еден од нив, а медиумите во Англија во последните неколку недели тврдат дека повеќе се фокусираат на Словенецот.

Јувентус исто така беше заинтересиран, но изгледа “бианконерите” ќе се задоволат со привлекувањето на слободниот агент Џонатан Дејвид, бидејќи во Италија исто така излезе информација дека ѕвездата на Спортинг им одбил на “бианконерите”, затоа што сака да игра во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …