Дома Останати Кошарка Репрезентативецот Шортс ја освои титулата со Париз, па потпиша за нов клуб!

Репрезентативецот Шортс ја освои титулата со Париз, па потпиша за нов клуб!

Плејмејкерот и член на идеалниот тим на Евролигата, Ти-Џеј Шортс, повеќе не е дел од Париз. Клубот сподели емотивно видео на кое 175 см високиот натурализиран македонски репрезентативец се простува од шампионот на Франција.

„Многу емоции стојат зад оваа одлука и навистина не беше лесно да го напуштам Париз. Ова беше мој дом две години“, изјави 27-годишниот Шортс откако си ги избриша солзите.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тој објасни дека се консултирал со агентот и семејството пред да одлучи кога е вистинскиот момент да замине од Париз и да проба нешто ново.

Како омилен момент од времето поминато во клубот го издвојува освојувањето на Еврокупот, а сега има големи амбиции бидејќи премина во Панатинаикос. Неговиот трансфер беше долгоочекуван.

Атинскиот гигант го ангажираше членот на идеалната петорка на минатосезонската Евролига за две сезони, а грчкиот SDNA тврди дека договорот не содржи клаузула за заминување во НБА ова лето.

Напаѓачкиот арсенал на „зелените“ стана многу посилен со ангажирањето на играчот кој на натпреварите во Евролигата бележеше просечно 18,7 поени и 7,5 асистенции по натпревар, како и 2,7 скокови и 1,1 украдена топка. Посебен интерес ќе биде кога ќе се здружи со Кендрик Нан, најкорисниот играч на елитното европско натпреварување минатата сезона.

Шортс ќе остане запаметен од навивачите на Париз не само по освоениот Еврокуп 2024, туку и по првата титула на државниот првак во кратката историја на клубот, откако триумфираа над Монако со 3:2 во финалната серија.

Минатата сезона, тимот предводен од турскиот стратег Ергин Атаман беше сметан за „супертим“, но не успеа да избори финале во Евролигата и титула во грчкото првенство, иако освоија домашен Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Легендарниот Милош Теодосиќ со емотивно писмо се збогуваше од кошарката

Легендарниот српски кошаркар Милош Теодосиќ денеска соопшти дека ја заврши својата извонре…