
Газдата на клубот Џош Кренке порачал дека на Србинот ќе му понуди нов тригодишен договор вреден 212 милиони долари, но не е сигурен дека центарот ќе го прифати тоа.
Чудни, навистина чудни вести доаѓаат од Денвер кога станува збор за Никола Јокиќ. И тоа од страна на првиот човек на клубот Џош Кроенке.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Целата Америка, но и јавноста на НБА лигата, беа шокирани кога слушнаа дека Нагетс ќе понудат нов договор на најголемата ѕвезда во лигата, но дека не се сигурни дали Србинот ќе го прифати. Како да Џош Кроенке, американскиот милијардер и неговиот татко Стен Кроенке, кои медиумите во САД ги сметаат за големи скржавци, едноставно сакаат да го видат грбот на Никола Јокиќ.
Така едноставно и лесно, речиси без било каква енергија, Џош Кроенке ја информираше јавноста дека постои можност Денвер да остане без Никола Јокиќ. Одлуката на него и неговиот татко не изненадува, бидејќи сè го гледаат низ призмата на парите и бизнисот, не ги интересира спортот.
Србинот слободно може да ја избере најдобрата понуда за себе и екипата со која би бил конкурентен за титулата. На прва реакција, екипи кои веќе почнале расчистување на составите и се подготвуваат за размени, а кои би биле по вкус на српскиот кошаркар се Бостон, Чикаго и Мајами.
Фото: Принтскрин