Дома Фудбал Сари даде краток коментар за трансферот на Модриќ во Милан

Сари даде краток коментар за трансферот на Модриќ во Милан

На Лука Модриќ му остануваат уште само натпревари на Светското клупско првенство со Реал Мадрид. По 13 сезони во белиот дрес, хрватскиот играч од средниот ред сакаше да остане уште една година и да се збогува со фудбалот на Сантијаго Бернабеу, но Флорентино Перез не му ја исполни таа желба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во септември, Модриќ ќе наполни 40 години, а во новиот проект на Чаби Алонсо немаше место за сентименталности. По завршувањето на турнирот, Модриќ ќе ја продолжи кариерата во Милано, пишува Мундо Депортиво.

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, вчера потврди дека договорот со Модриќ е постигнат. Хрватскиот играч од средниот ред доаѓа на Сан Сиро „со голема желба да биде конкурентен”, а првото што праша при разговорот беше: „Ќе имаме ли тим за освојување на титулата?”

Во Италија, некои веќе имаат одговор. Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, го даде своето мислење во разговорот за Спортиалија, и тоа пред трансферот официјално да биде потврден: “Модриќ во Милан? Мислам дека ПСЖ оваа сезона ни одржа лекција на сите.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона би можела да се кае поради Рашфорд

Маркус Рашфорд беше еден од првите фудбалери кои влегоа во конфликт со Рубен Аморим кога п…