Дома Фудбал Шутираа 40 пати, останаа без победа и испаднаа: СП за клубови вакво нешто не го памети (Видео)

Шутираа 40 пати, останаа без победа и испаднаа: СП за клубови вакво нешто не го памети (Видео)

Каква фудбалска трагедија за Бока Јуниорс. Трофејниот аргентински клуб испадна во групната фаза на Светското првенство за клубови, а судбината ја знаеше и по победата на Бенфика против Баерн, со 1:0.

И покрај тоа, Бока не мораше баш да се срами против полупрофесионалниот клуб Оукленд Сити, во дуел што заврши без победник – 1:1.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


И покрај тоа што поведоа со комичен автогол на чуварот на мрежата Нејтан Гароу во 26-та минута, момчето со интересно име и презиме Кристијан Греј им донесе бод со голот во 52-та минута.

Набрзо потоа следеше прекин поради предупредување за потенцијално бура во Нешвил.

По враќањето на теренот, на играчите на Бока им стана јасно дека испаднаа од СП, а статистиката што ја оставија зад себе беше навистина впечатлива.

Со дури 41 удар кон голот, од кои десет во рамките, Бока Јуниорс не успеа да слави и така неславно го заврши својот пат.

Подолу погледнете како фудбалерите на Оукленд прославија бод, иако претходно изгубија 10:0 од Баерн и 6:0 од Бенфика.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…