Дома Фудбал Нови вести за трансферот на Исак кои никој не ги очекуваше и менуваат апсолутно сè

Нови вести за трансферот на Исак кои никој не ги очекуваше и менуваат апсолутно сè

Еден од напаѓачите кој имаше одлична сезона и за кој се очекува дека ова лето ќе го промени клубот е Александер Исак од Њукасл.

На почетокот на трансфер периодот Исак беше поврзуван со бројни клубови, пред сè со Арсенал и Ливерпул.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Само неколку недели по освојувањето на титулата во Премиерлигата, управата на Ливерпул донесе големи засилувања за новата сезона во која имаат големи амбиции.

Десниот бек Жереми Фримпонг беше првото засилување на Ливерпул и тој пристигна во клубот како директна замена за Трент Александер-Арнолд кој премина во Реал Мадрид.

По Фримпонг, во Ливерпул пристигна уште еден од Бајер Леверкузен, и тоа е Флоријан Вирц чиј трансфер стана рекорден во Премиерлигата само неколку дена подоцна.

Како што стојат работите, Ливерпул не планира да застане тука, туку ќе тргне и по Александер Исак и добиле голем ветер во грб кога станува збор за тој трансфер.

Имено, уште на почетокот на трансфер периодот англиските медиуми тврдеа дека Ливерпул ќе го продаде Дарвин Нуњез и ќе донесе нов напаѓач.

Иако веќе потрошија над 200 милиони евра на Фримпонг и Вирц, како и на очекуваното доаѓање на Керкез, Ливерпул може да троши уште бидејќи не се ниту блиску да го нарушат својот финансиски фер плеј.

Ова е, секако, огромна работа и се очекува веќе на почетокот од следниот месец да пристигне официјална понуда на адресата на Њукасл од Ливерпул за Исак.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ВАР е скапа играчка: Еве колку потроши ФФМ за Македонија да го има (Видео)

Проект лидерот Дејан Јакимовски беше гостин во „Уште еден подкаст“ каде што детално зборув…