Дома Фудбал Таре имаше разговор со Модриќ: Албанецот го откри првото прашање на хрватскиот фудбалер

Таре имаше разговор со Модриќ: Албанецот го откри првото прашање на хрватскиот фудбалер

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ (39) дефинитивно ќе се пресели во Милан, откако ќе ја заврши својата настап на Светското клупско првенство, каде последен пат ќе игра за Реал Мадрид.

Модриќ ова лето стана слободен и Реал одлучи да не го продолжи неговиот договор, па големата ѕвезда на крајот од кариерата ќе игра во Серија А за клубот кого го симпатизира од мали нозе.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сега за Модриќ зборуваше Игли Таре, новиот спортски директор на Росонерите, кој заедно со тренерот Макс Алегри прави интересен тим.

„Сакаме Модриќ во Милан. Ни се потребни искусни водачи, а Лука е токму таков профил. Разговарав со него и можам да кажам дека сè уште има голема страст за натпреварување на највисоко ниво. Неговото доаѓање би било од големо значење за нашиот тим, особено затоа што бараме лидер каков што е тој. Работиме на тоа“, изјави Таре и додаде:

„Ме праша дали ќе бидеме конкурентни. Освои шест Лиги на шампиони и веднаш сака да го води тимот. Тоа е важно затоа што ќе пренесе на тимот во однос на менталитетот, водството и професионализмот. Тоа што е навивач на Милан ја прави оваа приказна уште поинтересна.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полјаците бесни на Роналдињо: Бразилецот се однесувал арогантно

Настанот наречен “Шоуто на Роналдињо” во полскиот Хожов требаше да биде мал пр…