Дома Фудбал „Лузер на годината“: Го тетовираше испаѓањето на најголемиот ривал, а тие на крајот – изборија опстанок!

„Лузер на годината“: Го тетовираше испаѓањето на најголемиот ривал, а тие на крајот – изборија опстанок!

Еден навивач на Џенова реши прерано да слави заминувањето на Сампдорија, главниот ривал во градот, во Серија Ц, што се смета за најголем неуспех во историјата на клубот што го играл финалето на Купот на европските шампиони во 1992 година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На фотографијата се гледа како навивачот во дрес на најстариот фудбалски клуб во Италија гордо ја покажува тетоважата на раката со која сакал да се потсмее на навивачите на омразениот клуб поради елиминацијата во третата лига на италијанскиот фудбал.

Сепак, малку избрзал. Иако Сампдорија заврши на 18. позиција во Серија Б сезоната, Фудбалскиот сојуз на Италија ја казни Бреша со одземање на бодови поради нерегуларности во работењето на клубот.

Следуваше двобојот на баражот против Салернитана во кој Сампдорија беше подобра и се избори за опстанок..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…