Дома Фудбал Невиден гест: Зенит и донираше средства на Барса за трансферот на Вилијамс

Невиден гест: Зенит и донираше средства на Барса за трансферот на Вилијамс

Рускиот великан “помогна” на Барселона полесно да го донесе Нико Вилијамс во своите редови, на навистина несекојдневен начин.

Репрезентативецот на Шпанија ги договори личните услови со Барселона, што доведе до тоа крилниот фудбалер да бара флексибилност од неговиот тековен клуб. Атлетик Билбао не сака да се согласи на сума помала од 62.000.000 евра, колку што изнесува клаузулата по која би можел да ја напушти Баскија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Каталонците не можат можат да си го дозволат тоа, па поради своите финансиски проблеми, бараат да го распоредат износот на повеќе рати.

Тоа го наведе Зенит на идеја да помогне на петкратниот европски шампион, така што ќе остави парична донација преку социјалната мрежа Tiktok. Како причина за тоа наведоа дека Барселона им го отстапила Малком, кој за четири години на „Газпром арената“ постигнал 42 гола и забележал 24 асистенции во 109 настапи.

Пристигна во 2019 година во трансфер вреден 45.000.000, за четири години подоцна да стане играч на Ал Хилал за дури 60.000.000.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Работнички потпиша договор со еден од најголемите таленти во Македонија

Македонскиот прволигаш Работнички денеска официјализираше нов долгорочен договор со младин…