Дома Фудбал Погба: Побарав помош од Јувентус, но не ја добив

Погба: Побарав помош од Јувентус, но не ја добив

Пол Погба откри дека не добил поддршка од Јувентус додека бил суспендиран за употреба на допинг. Французинот даде позитивен допинг тест по натпреварот против Удинезе во 2023 година. Првично беше казнет четири години, но потоа санкцијата му беше намалена на 18 месеци.

Погба е блиску до враќање на теренот, откако се договори со Монако и се очекува да биде дел од францускиот тим наредната сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Побарав помош од Јувентус, но не ја добив. Побарав фитнес тренер, а уште бев дел од тимот. Имав право да го добијам. Не велам дека Јувентус не ме поддржа“, сподели Погба.

„Не разбрав зошто. Мислев дека сум во војна со антидопинг властите, а не со Јувентус. Не можев да продолжам да ги носам децата на училиште секој ден поминувајќи покрај стадионот и тренинг центарот, знаејќи дека нема да можам долго време да играм. Децата ме прашуваа кога ќе се вратам на теренот и ќе можат повторно да ме гледаат“, дополни играчот од средниот ред.

Французинот е подготвен за неговото враќање: „Ментално и физички сум подготвен. Со нетрпение очекувам да се вратам. Имам 32 години, но сеуште се чувствувам како дете“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Италија Јамал и Мусиала ќе беа во Серија “Б”, критичен е Клинсман

Поранешниот напаѓач на Интер Јурген Клинсман се приклучи кон критиките за состојбата во ко…