Дома Фудбал Останато Италијанецот замина во легендите: Пирло го одигра својот последен меч (Видео)

Италијанецот замина во легендите: Пирло го одигра својот последен меч (Видео)

Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло, денес го одигра последниот меч во кариерата.

Пирло се збогува со професионалното играње фудбал на свои 38 години, беше играч од средниот ред, а во последниот меч, односно во победата на Њујорк против Колумбос со 2:0, во игра влезе во 90та минута.

Во текот на својата кариера, Пирло го носеше дресот на Милан цела деценија во периодот од 2001. до 2011. година. Неговата следна дестинација беше Јувентус, од каде премина во Њујорк во 2015. година.

Пирло го најави своето заминување пред еден месец, кога објави дека ќе се збогува со фудбалот на крајот од сезоната во МЛС лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роберто Солдиќ со победа на дебито во UFC!

Роберто Солдиќ го оствари својот прв триумф во UFC, победувајќи го Хаос Вилијамс на спекта…