Дома Фудбал Италија Официјално: Пандев и Џенова имаат нов предводник

Официјално: Пандев и Џенова имаат нов предводник

Досегашниот тренер на Џенова, Иван Јуриќ заработи отказ од клубот, а познат е и неговиот наследник.

Станува збор за Давиде Балардини кој на клупата на италијанскиот прволигаш се враќа во третпат во својата кариера.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


По 12 одиграни дуели, Џенова во италијанската Калчо лига досега освои само шест бодови. Стариот нов предводник ќе се обиде да ја извлече екипата од кризата и да ја врати на победничката патека.

Балардини инаку има ултиматум од Џенова, со кој му се гарантира уште една година договор, само доколку успее да остане со клубот во Серија А и следната сезона.

Под раководство на Јуриќ, нашиот интернационалец, Горан Пандев досега одигра осум натпревари, од кои на три беше во стартниот состав. Пандев со оваа смена, има шанси да добие поголема минутажа во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тотенхем на чекор од големо засилување

Тотенхем би можел во наредните денови да го договори најголемиот трансфер ова лето. Станув…