Дома Фудбал Ливерпул го продаде своето дете за големи пари

Ливерпул го продаде своето дете за големи пари

Џарел Кванса е нов фудбалер на Баер Леверкузен, а отштетата што Ливерпул ја доби за него воопшто не е мала.

Дефанзивецот кој помина низ фудбалската школа на тимот од Енфилд, но и сите помлади селекции на репрезентацијата на Англија, ќе го засили вицешампионот на Германија во трансфер вреден до 35.000.000 евра.

Исто така, црвените ја обезбедија и клаузулата по која во иднина ќе имаат можност да го вратат Кванса во своите редови.

Кванса минатата сезона собра 25 настапи за тимот на Арне Слот. Во Леверкузен дефинитивно ќе има посериозна улога, што се гледа и на сериозната сума што за него ја издвои Ерик тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жан-Филип Матета започнал војна со Кристал Палас

Напаѓачот Жан-Филип Матета влезе во сериозен конфликт со својот клуб Кристал Палас, и го о…