Дома Фудбал Николас Џексон доби дозвола за трансфер, го посакуваат два гиганти од Серија А!

Николас Џексон доби дозвола за трансфер, го посакуваат два гиганти од Серија А!

Напаѓачот на Челзи, Николас Џексон, доби дозвола да го напушти клубот.

Овој 25-годишен Сенегалец пристигна во Лондон во летото 2023 година од Виљареал за 37 милиони евра.

Во претходната сезона на 36 натпревари постигна 13 гола и забележа шест асистенции.

Сепак, Енцо Мареска смета дека во следната сезона нема да му биде потребен.

Сенегалецот го посакуваат Јувентус и Наполи, а сега останува на италијанските гиганти да испратат понуда што Челзи нема да може да ја одбие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жан-Филип Матета започнал војна со Кристал Палас

Напаѓачот Жан-Филип Матета влезе во сериозен конфликт со својот клуб Кристал Палас, и го о…