Дома Фудбал Стефан Ристовски пред трансфер во Турција?

Стефан Ристовски пред трансфер во Турција?

Стефан Ристовски (33) е еден од многуте фудбалери кои го напуштија Динамо пред почетокот на новата сезона.

Македонскиот десен бек заминува по четири години, а кариерата би можел да ја продолжи во Коџаелиспор, пишуваат „Спортске новости“.

Станува збор за нов турски прволигаш, каде што би можел да се пресели и Бруно Петковиќ, додека турските медиуми ја споменуваат и можноста за доаѓање на Марко Пјаца. Со тоа, тројцата поранешни „сенатори“ на Динамо повторно би играле заедно.

Ристовски се приклучи на Динамо во февруари 2021 година и во меѓувреме освои осум трофеи: четири шампионски титули, два Купа и два Суперкупа. Во дресот на „модрите“ одигра 185 официјални натпревари, постигна седум голови и запиша 21 асистенција.

Фото: GNK Dinamo/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…