Дома Останати Ракомет Трет пораз за Македонија на Светското првенство во Полска

Трет пораз за Македонија на Светското првенство во Полска

Младата ракометна репрезентација на Македонија го запиша и третиот пораз на Светското првенство што се одржува во Полска, откако денеска загуби од селекцијата на Исланд со 34-28.

Исланѓаните од самиот почеток наметнаа темпо и ја презедоа контролата врз играта, создавајќи предност од два до три гола која успешно ја одржуваа во поголемиот дел од првото полувреме. Во финишот на тој дел, предноста на Исланд достигна и шест гола (11-5), што беше највисока до тој момент.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Но, избраниците на Раде Стојановиќ успеаа да реагираат и во последните шест и пол минути од првото полувреме, Исланд не успеа да постигне ниту еден гол. Нашите млади ракометари го искористија падот во играта на противникот и со серија погодоци намалија на само еден гол разлика (15-14) на полувремето.

Сепак, во вториот дел не се повтори истата слика. Исланд брзо ја поврати високата предност, а македонската селекција не најде начин повторно да се врати во натпреварот и да остане во борба за бодови.

Најефикасен во македонскиот состав беше Димитар Узунчев со десет гола, додека кај Исланѓаните се истакна Елмас Ерлингсон со девет погодоци.

Македонија ја завршува групната фаза без освоен бод, по поразите од Романија, Фарски Острови и Исланд, и ќе продолжи со натпревари во разигрувањето за пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Убава вест: Македонија домаќин на уште еден голем спортски настан во 2026 година!

Македонија ќе биде домаќин на Светско училишно првенство во ракомет, кое ќе се одржи од 20…