Дома Фудбал Санчо кариерата може да ја продолжи во Серија А – ќе игра и во Серија А!

Санчо кариерата може да ја продолжи во Серија А – ќе игра и во Серија А!

Џејдон Санчо е близу заминување од „Олд Трафорд“, а можна нова дестинација за него би можел да биде Јувентус.

Џанлука Ди Марцио денеска ги објави деталите дека Јувентус започнал конкретни чекори и се обидува да го спречи потенцијалниот договор на Наполи, кој исто така покажува интерес за англискиот играч.

Санчо е свесен дека во Јунајтед нема иднина, а и самиот не сака да остане, додека Јувентус му нуди шанса да се бори за титули и да игра во Лигата на шампионите.

Сепак, за да заигра за Јувентус ќе мора да прифати значително помала плата, бидејќи во Англија заработува неверојатни 300.000 евра неделно.

Минатата сезона Санчо ја помина на позајмица во Челси, но ниту таму не успеа да се докаже, па „сините“ се откажаа од можноста за откуп, притоа морајќи да исплатат пенали од шест милиони евра.

Јувентус е подготвен да уплати 25 милиони евра, додека Јунајтед бара 35, но не е исклучено да се договори некаде помеѓу со одредени бонуси.

Фото: Chelsea FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…