Дома Фудбал Леверкузен и Ливерпул преговараат за трет трансфер

Леверкузен и Ливерпул преговараат за трет трансфер

Баер Леверкузен преговара со Ливерпул за евентуален трансфер на централниот дефанзивец Џарел Куанса.

Според „Скај спортс“, разговорите се сосема независни од рекордниот договор за доведување на Флориан Виртц, кој за неколку часа треба да стане играч на тимот од Мерсисајд.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Куанса потпиша нов петгодишен договор со Ливерпул во октомври. Според медиумите на островот, тимот од Мерсисајд бара околу 40 милиони фунти за 22-годишниот Англичанец, кој минатата сезона одигра вкупно 25 натпревари за „црвените“ во сите турнири.

Ова може да биде третиот трансфер меѓу двата клуба само ова лето, откако Ливерпул веќе го привлече Џереми Фримпонг од „аспирините“, а како што беше споменато, до крајот на неделата ќе биде финализиран и трансферот на Виртц.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Канио силно го критикуваше Милан: Милан е тим без карактер

Паоло Ди Канио остро го критикуваше Милан по неделниот пораз со 1:0 од Лацио во Серија А, …