Дома Фудбал Сопствениците на Ливерпул сакаат нов клуб, го најдоа во Шпанија: Соседи се на Реал и Атлетико

Сопствениците на Ливерпул сакаат нов клуб, го најдоа во Шпанија: Соседи се на Реал и Атлетико

Според информациите на шпанскиот весник AS, американската инвестициска група Fenway Sports Group (FSG), која стои зад славниот Ливерпул, е заинтересирана за купување на уште еден европски клуб – Гетафе.

Групата ја водат Џон В. Хенри и Том Вернер, а потенцијалната аквизиција може да означи понатамошно проширување на нивниот спортски портфолио во Европа.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Американските инвеститори ги привлече стабилноста на Гетафе во Ла Лига, како и неодамна одобрениот проект за реконструкција на стадионот. Клубот, кој се наоѓа на само 13 километри од центарот на Мадрид, нуди стратешка предност поради својата географска позиција, но и долгорочниот развоен план кој, според извештаите, остава силен впечаток на потенцијалните партнери.

Во претходните две сезони, Гетафе завршуваше лигата на 12. и 13. место, со што го потврди статусот на стабилен прволигаш, иако без амбиции на самото врвче како градските ривали Реал и Атлетико Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Само реми за Реал на дебито на Чаби Алонсо

Чаби Алонсо дебитираше со реми против Ал Хилал на Светското клупско првенство. Младата над…