
Во денот кога беше соопштено дека Жоан Гарсија е ново засилување за Барселона, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, ги предупреди Каталонците да размислат за постапката на неговата регистрација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Барселона ја плати клаузулата од 25 милиони евра што Жоан Гарсија ја имаше во својот договор со Еспањол. Сега, пред Барселона стои потешкиот дел – регистрацијата на играчот.
Целата мината сезона Барселона имаше тешкотии со регистрацијата на играчи и исполнување на финансиските услови за нивно регистрирање, а денес, Каталонците добија и предупредување од Хавиер Тебас.
„Едно е да ја платиш откупната клаузула за Жоан Гарсија. Сосема друго е да можеш да го регистрираш. Барселона сè уште не е дел од тој 1:1 договор“, изјави Тебас на индустриската конференција во Мадрид.
„Нивното објавување на исплатата не значи дека е навистина извршена. Покрај тоа, периодот за трансфери и регистрација официјално уште не започнал. Моментално, тие не можат да регистрираат никого“, додаде тој и испрати порака до раководството на Барселона:
„Тие треба да завршат неколку работи, не е многу, но тие добро знаат што треба да направат. Не е моја задача да го кажам тоа“.
Фото: La Liga/X