Дома Моторспорт Ферари во сè потешка ситуација: Хамилтон ја откри темната страна на италијанскиот тим

Ферари во сè потешка ситуација: Хамилтон ја откри темната страна на италијанскиот тим

Луис Хамилтон открива дека Ферари треба да направи големи внатрешни промени за да се врати во борба за титулата светски првак во Формула 1 по слаб старт на сезоната 2025.

Луис Хамилтон оваа сезона премина во италијанскиот тим со надеж дека ќе добие шанса за освојување на легендарната осма титула, сепак не оди сѐ според неговите замисли.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ферари по трката за Големата награда на Канада остана единствениот од „големата четворка”, кој сè уште нема стигнато до победа на главната трка во 2025 година.

Да, до сега имаат остварено една победа, но таа беше во спринт трка, што сигурно не ги исполни очекувањата на седумкратниот шампион.

Според неговите зборови, потребна е промена на културата во тимот за Ферари да се врати во борба за титулите.

„Секако, барам подобрувања,” рече Хамилтон. „Не знам зошто уште немаме донесено нови надградби, верувам дека наскоро ќе има една.”

„За мене, состојбата на умот е таква дека ‘треба да се направат многу промени во системот.’ Би сакал да можам да ви кажам што точно се случува. Многу работи се во позадина.”

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Како во старите добри времиња на Формула 1: Вилијамс најави нова соработка со Хонда

Ф1 тимот на Вилијамс го најави враќањето во минатото, но овој пат тоа нема да го направи н…