Дома Фудбал Eдвај ја преживеа страшна сообраќајна несреќа, а сега по седум месеци се врати на терените

Eдвај ја преживеа страшна сообраќајна несреќа, а сега по седум месеци се врати на терените

Напаѓачот на Вест Хем, Мајкл Антонио, се врати на теренот по ужасната сообраќајна несреќа која го остави надвор од терените од декември минатата година. Тогаш неговиот автомобил Ферари излета од патот и удри во дрво во Есекс, при што автомобилот беше целосно уништен, а Антонио претрпи сериозни повреди.

Во несреќата, тој ја скрши бутната коска на четири места, и подоцна призна дека имал голема среќа што преживеал. Сликите од местото на несреќата ја покажуваат целосно уништената предна страна на автомобилот и скршени прозорци. Триесет и четиригодишниот играч помина повеќе од три недели во болница, а потоа продолжи со рехабилитација надвор од теренот. Иако не беше подготвен за игра, често се појавуваше на натпреварите на Вест Хем и работеше како стручен коментатор за ТНТ Спорт.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Неговото враќање помина без големи најави, но Антонио се најде на списокот на селекторот Стив Мекларен за годинешниот Голд Куп, каде настапува за репрезентацијата на Јамајка. Регe Бојс го играа својот прв меч против Гватемала во Карсон Сити во понеделникот вечер. Иако Јамајка загуби, веста за враќањето на Антонио на теренот по тешката повреда внесе доза на оптимизам.

Тој влезе како замена пет минути пред крајот, место Џонатан Расел, и беше дочекан со големи аплаузи од публиката. Тоа беше неговиот прв натпревар по несреќата. Победата на Гватемала ја осигура Оскар Сантис со гол во првото полувреме, но за Антонио и неговите обожаватели, враќањето на теренот беше поважно од резултатот.

Фото: West Ham/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Направи трансфер од 70 милиони евра, па игра фудбал на улица

Матеус Куња играше фудбал во родното место во Бразил со пријателите на улица, само неколку…