Дома Фудбал Бејл станува сопственик на англиски третолигаш?

Бејл станува сопственик на англиски третолигаш?

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Тотенхем, Герет Бејл, наскоро би можел да стане сопственик на Плимут.

Бејл е на чело на еден американски инвестиционен фонд, и веќе некое време водат преговори со англискиот третолигаш за потенцијално купување. Тоа му е и потребно на Плимут, бидејќи се наоѓа во финансиски проблеми.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да биде јасно, Бејл ќе биде малцински сопственик, а мнозинството ќе го поседува семејството Шторх, кое го гледа како личност што ќе придонесе на други начини за клубот. Не е ова првпат во последно време вакви работи да се случуваат. Недавно и Лука Модриќ стана малцински сопственик на Свонси.

Тоа не е сè. Во сопственичките структури на фудбалските клубови се и Роналдо (Валјадолид), Нголо Канте (Екселсиор), Килијан Мбапе (Кан)…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Незадоволената ѕвезда заминува од Лондон: Челзи останува без еден од најдобрите

Енцо Фернандез, еден од водечките играчи на актуелниот тим на Челзи, размислува за својата…