
Идниот рекорден нов играч на Ливерпул, Флоријан Вирц, ќе се врати од одмор во среда, а уште во четврток најверојатно ќе пристигне во англискиот град.
Според Флоријан Плетенберг, возможно е тој да помине дел од медицинскиот преглед уште истиот ден, но главниот дел од тестовите се планирани за петок, како што потврдија Фабрицио Романо и Дејвид Орнштајн. Потоа Германецот ќе потпише договор до 2030 година.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Како што е познато, во петок Ливерпул и Бајер Леверкузен договорија сè околу трансферот, при што мрсисајдците ќе платат за германскиот репрезентативец 100 милиони фунти плус уште 16 милиони во форма на бонуси. Вирц ќе заработува на “Енфилд” по 195 000 фунти неделно. Износот може да се зголеми до 245 000 со поставените индивидуални и тимски бонуси.
Се очекува следната недела Ливерпул да го финализира и трансферот на Милош Керкез од Борнмут, за кого ќе бидат платени 45 милиони фунти. Мрсисајдците веќе се засилија со Џереми Фримпонг и Ѓорги Мамардашвили, кој беше договорен уште минатото лето, но ја одржа сезоната со Валенсија.