
Анте Будимир продолжува да биде поврзуван со Реал Мадрид во овој преоден рок. Шпанските медиуми информираат дека хрватскиот репрезентативец и напаѓачот на Осасуна е на радарот на новиот тренер Чаби Алонсо, и сега откриваат и колку би можел да заработува доколку трансферот се реализира.
Познато е дека Осасуна не сака да го пушти Будимир под цената која е наведена во договорот. Будимир има откупна клаузула според која може да го напушти клубот ако заинтересираната страна е подготвена да плати осум милиони евра, но во Реал не се подготвени да понудат толку.
Реал нуди млад играч на Осасуна за да ја намали цената на Будимир
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Веќе се пишуваше дека Реал би сакал да ја намали оваа сума со инкорпоријање еден од нивните млади играчи во зделката, како што се Хакобо Рамон или Лорен Агуадо. Во Мадрид инсистираат младиот играч кој би го испратиле на Осасуна да има откупна клаузула за повторно враќање во Реал за одредена сума.
Будимир не би бил играч кој би стартувал во првата постава на Реал, туку ќе биде резервна опција од клупата. Порано се спомнуваше дека самиот тој не би имал ништо против да игра за славниот клуб во намалена минутажа. Шпанскиот “Спорт” наведува дека за таа улога Реал му понудил едногодишен договор вреден три милиони евра.