Дома Фудбал Ибрахимовиќ сака да донесе босански талент во Милан, но конкуренција му прави Рома

Ибрахимовиќ сака да донесе босански талент во Милан, но конкуренција му прави Рома

Младиот фудбалер што игра во Шведска е на прагот на трансферот на кариерата, а за неговите услуги се заинтересирани Милан и Рома.

Станува збор за Кевин Пашалиќ кој во моментов е фудбалер на ИФК Норчепинг од Шведска, а неговиот договор истекува на крајот на овој месец.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Така, тој како слободен играч ќе го промени клубот, а најголем интерес за него покажаа Милан и Рома.

Рома веќе испрати понуда на адресата на Кевин Пашалиќ, но сега во целата приказна се вклучи и Златан Ибрахимовиќ со Милан.

„Ексклузивно, Милан испрати понуда за да го потпише талентираниот Босанец кој игра на позицијата стопер, а станува збор за Кевин Пашалиќ.

И Рома исто така испрати понуда во последните денови, а Милан сега влезе во трката и ќе се обиде да го заврши договорот следната недела“, пишува Романо.

Оваа сезона Пашалиќ одигра 12 натпревари за У19 составот на ИФК Норчепинг, но не дебитираше за првиот тим.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бура во мак-фудбалот: Пелистер се скара со Вардар – во Битола веќе нема место ниту за управата, ниту за навивачите!

Еден ден по дербито во Битола во кое Вардар славеше со 2-1, од таборот на Пелистер реагира…