Дома Фудбал Вејн Руни: Подобар сум од Суарез, Кејн, Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Халанд, Левандовски…

Вејн Руни: Подобар сум од Суарез, Кејн, Дел Пјеро, Ибрахимовиќ, Халанд, Левандовски…

Вejn Руни го прашаа дали се чувствува подобар од многу познати фудбалски игралци, а одговорот на Англичанецот го истакна неговото високо ценето мислење за својата кариера.

Најголемиот стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед и англиската селекција, Вejн Руни, самоуверено се изјасни дека е подобар од секој со кого е спореден.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ако се разгледаат неговите импресивни дострели, факт е дека има право на тоа мислење.

Најпрво откри дека се смета за подобар играч од Луис Суарез, а потоа го истото го кажа и за Хари Кејн, Алесандро Дел Пјеро, Нејмар, Серхио Агуеро, Златан Ибрахимовиќ, Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд.

Вejн Руни366 голови и 187 асистенции на 884 натпревари

Луис Суарез573 голови и 309 асистенции на 969 натпревари

Хари Кејн462 голови и 123 асистенции на 712 натпревари

Алесандро Дел Пјеро343 голови и 194 асистенции на 868 натпревари

Нејмар442 голови и 286 асистенции на 731 натпревар

Серхио Агуеро426 голови и 132 асистенции на 786 натпревари

Златан Ибрахимовиќ559 голови и 228 асистенции на 949 натпревари

Роберт Левандовски695 голови и 190 асистенции на 981 натпревар

Ерлинг Халанд298 голови и 60 асистенции на 368 натпревари (има само 25 години)

Иако бројките не се на страна на легендарното дете на Евертон, човекот кој освоил се и има постигнато најмногу голови во историјата на еден од најголемите клубови и на една од најголемите репрезентации на сите времиња, може да си дозволи таков став.

Дали е во право или премногу субјективен – проценете сами.

Фото: Manchester United/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…