Дома Фудбал Toтенхем по трофејот во Лига Европа на Манчестер јунајтед ќе му го украде и планираното засилување?

Toтенхем по трофејот во Лига Европа на Манчестер јунајтед ќе му го украде и планираното засилување?

Фудбалскиот клуб Тотенхем е заинтересиран за ангажман на напаѓачот на Брентфорд, Брајан Мбеумо, според новите информации од Би-Би-Си.

Камерунскиот репрезентативец забележа импресивна форма, постигнувајќи 20 гола за Брентфорд минатата сезона во Премиер Лигата. Неговиот поранешен тренер Томас Франк, кој го тренираше во Брентфорд, неодамна беше назначен како нов менаџер на Тотенхем.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Месецов, и Манчестер јунајтед го изрази својот интерес за Мбеумо, понудувајќи 45 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони преку бонуси. Сепак, договорот не беше склучен, бидејќи понудата не ги задоволи очекувањата на Брентфорд.

Англиските медиуми откриваат дека Тотенхем сè уште нема испратено официјална понуда за 25-годишниот напаѓач, но интерес постои и од други клубови од Лигата на шампионите низ Европа.

Договорот на Мбеумо со Брентфорд истекува за една година, но клубот има опција да го продолжи за уште една сезона. Во неговиот договор нема откупна клаузула.

Мбеумо е дел од Брентфорд од 2019 година, кога дојде од францускиот второлигаш Троа, а досега за лондонскиот клуб одигра 242 натпревари и постигна 70 гола.

Фото: Tottenham/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Миовски постигна гол за Ренџерс, но ВАР му ја скрати радоста (Видео)

Бојан Миовски беше во центарот на вниманието на дербито меѓу Ренџерс и Хартс, но неговиот …