Дома Фудбал Реал го продолжи договорот со Асенсио и му залепи „етикета“ од една милијарда

Реал го продолжи договорот со Асенсио и му залепи „етикета“ од една милијарда

Раул Асенсио го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2031 година, објавува „Ас“.

Освен тоа, откупната клаузула му се зголеми на 1 милијарда евра, со која можат да се пофалат и други играчи како Винисиус Жуниор и Џуд Белингам.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


22-годишниот Шпанец одигра 42 натпревари за Реал Мадрид во минатата сезона, а неговиот предходен договор со клубот истекуваше во летото 2026 година.

Младиот играч на „белите“ веќе е репрезентативец на Шпанија, иако сѐ уште нема дебитирано за европските шампиони.

Во моментов Асенсио се подготвува со Реал за учество на Светското клупско првенство, кое ќе започне на 18 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот Буфон поднесе оставка по елиминацијата на Италија од БиХ

Легендарниот Џанлуиџи Буфон, шефот на делегацијата на италијанската репрезентација, поднес…