Дома Фудбал Трагични вести, почина фудбалер (20): Неговата приказна го обиколи светот

Трагични вести, почина фудбалер (20): Неговата приказна го обиколи светот

Тажна вест доаѓа од Шкотска. Почина младиот фудбалер Чарли Вотсон (20), кој се бореше со рак, но продолжи да игра фудбал и покрај тешката болест.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Чарли настапуваше за тимот Тријве Роверс од Касл Даглас и продолжи со своите фудбалски активности дури и откако му беше дијагностициран рак во последната фаза. Неговата приказна го обиколи светот затоа што таков степен на посветеност ретко се среќава. За време на борбата со болеста, тој остана дел од својот тим во натпреварите во Шкотскиот куп.

Во негова чест беше започната кампања за истражување на ракови, која собра десетици илјади фунти.

„Ние сме неописиво горди на патот кој го помина нашиот Чарли во својата борба. Никогаш не сфати колку големо влијание имаше на луѓето низ целиот свет. Иако повеќе не си физички со нас, засекогаш ќе бидеш во нашите срца“, изјави неговата мајка Аманда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…