Дома Фудбал Милан го сака братот на Дезире Дуе

Милан го сака братот на Дезире Дуе

Додека цела Европа е воодушевена од младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Дезире Дуе, по неговото фантастично издание во финалето на Лигата на шампионите, во Милан го насочиле вниманието кон неговиот поголем брат, Гела Дуе, кој исто така игра во Лига 1, но за тимот на Стразбур, пишува „Газета дело спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


22-годишниот фудбалер претежно игра на позицијата десен бек, а „росонерите“ ќе бараат засилување на таа позиција со оглед на враќањето на позајмениот Кајл Вокер во Манчестер Сити и очекуваната продажба на разочарувачкиот Емерсон Ројал. Од друга страна, Гела Дуе досега помина само една сезона во Стразбур, откако минатото лето беа платени 6,5 милиони евра на Рен за него.

Така, изминатата сезона тој запиша вкупно 34 натпревари со 1 гол и 2 асистенции за екипата од Елзас. Според информациите, миланскиот гигант го сака котдивоарскиот интернационалец поради неговата физика, атлетичност, брзина и професионален однос.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како група момци од 200 милиони евра направија потрес во Серија А

Клубот Комо е основан на 25 мај 1907 година, а 117 години подоцна, на 24 мај 2026, го пост…