Дома Фудбал Погба доби понуда од соништата

Погба доби понуда од соништата

Пол Погба доби можност да се врати на фудбалот на голема врата.

Цели две години откако ја одигра последната професионална утакмица и потоа исчезна поради суспензија за допинг, Французинот на масата има понуда од Монако кој го посакува во своите редови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Водечкиот европски трансфер инфлуенсер Фабрицио Романо објави оваа вечер дека понуда од Кнежеството е испратена за двегодишна соработка со фудбалерот кој последната утакмица ја одигра за Јувентус на 14 мај 2023.

Доколку ја прифати и потпише за „кнежевите“, Погба ќе тргне на подготовки, а потоа и на првите утакмици во сезоната 2025/26 која во Лига 1 започнува на 15 август.

Тоа значи дека ќе поминат точно 27 месеци меѓу два натпревари на фудбалерот кој во 2018 година учествуваше во Русија во освојување на светското првенство со репрезентацијата на Франција.

За Погба дефинитивно има време, тој има 32 години и хипотетички би можел да се врати во старата форма. Проблем е што и пред падот на допинг тестот, тој поминуваше низ долг период на повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најверниот војник на Гвардиола го напушта Манчестер Сити по девет години

Капитенот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, ќе го напушти клубот на крајот од тековната с…