
Откако го осигурија трансферот на голманот на Еспањол Жоан Гарсија, Барселона се активираше и за можен трансфер на ѕвездата на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, пренесува „Спорт“.
Според каталанското издание, спортскиот директор Деко денес се сретнал со агентот на играчот, Феликс Таинта, во хотел во Барселона. Како што е познато, минатото лето левото крило беше на чекор од трансфер во клубот, но на крајот одлучи да остане на „Сан Мамес“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Иако неодамна претседателот Жоан Лапорта исклучи можност за Барса да направи нов обид да потпише со шпанскиот репрезентативец, потребата за засилување на оваа позиција и неуспешниот обид за Луис Дијас од Ливерпул доведоа до обновени преговори со неговата околина.
Овој пат, сепак, „каталонците“, кои исто така го имаат на радарот Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед, ќе имаат сериозна конкуренција за потписот на Вилијамс. Не само што во Билбао се надеваат дека ќе го продолжат договорот на 22-годишниот играч, туку и Бајерн Минхен и Арсенал се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула во износ од 62 милиони евра. Според информациите, самата желба на фудбалерот е да остане во Ла Лига, а освен тоа е пријател со неколку играчи на Барселона благодарение на репрезентацијата.
Во меѓувреме, ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал, на интересен начин го потврди обновениот интерес на тимот кон Вилијам. Суперталентот објави на Instagram фотографија на која ја изразува својата радост токму во друштво на играчот на Атлетик за време на нивниот натпревар во дресот на Шпанија.