
Ливерпул и Баер Леверкузен утрово постигнаа конечен договор за трансферот на Флориан Вирц.
Според водечките извори на Островот, договорот ќе биде на вредност од 116 милиони фунти (малку повеќе од 136 милиони евра), од кои 100 милиони се цврста сума, а останатите 16 милиони се во форма на бонуси.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сето ова значи дека сепак вкупниот пакет изнесува помалку од 150 милиони евра, за колку пред неколку дена Фабрицио Романо информираше дека двата клуба се договориле. Во секој случај, трансферот е рекорден за Ливерпул, а потенцијално и за Премиер лигата. Важно е да се уточни дека сепак договорот ќе го надмине британскиот трансферен рекорд, ако сите бонуси се реализираат.
Така ќе биде надмината вкупната сума за пристигнувањето на Мојсес Каиседо, за кого со бонусите Челси може да плати на Брајтон 115 милиони фунти. Инаку, цврстата сума што лондонците ја платија за Еквадорецот на “чајките” беше исто така 100 милиони.
Трансферниот рекорд во однос на потрошената сума без бонуси исто така е во рацете на Челси, конкретно со трансферот на Енцо Фернандес, за кого “сините” платија 107 милиони фунти на Бенфика во 2023 година.