Дома Фудбал Зинчеко може да го напушти Арсенал и да се пресели во – Серија А!

Зинчеко може да го напушти Арсенал и да се пресели во – Серија А!

Според италијанските медиуми, фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко, може да биде заинтересиран за премин во Милан.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Овој трансфер би можел да се реализира доколку Милан го продаде Тео Ернандес. Меѓутоа, клубот ја одби понудата од Атлетико Мадрид која изнесуваше 18 милиони евра плус дополнителни бонуси од два до три милиони евра.

Договорот на францускиот фудбалер со Милан завршува на крајот од следната сезона, и тој сè уште нема постигнато договор со управата за продолжување на соработката.

Ернандес неодамна ја одби понудата од Ал Хилал и моментално преговара со Атлетико. Во јануари, тој исто така ја одби можноста да се приклучи на Комо.

Милан како замена за Ернандес сака да го донесе Зинченко, кој размислува да го напушти Арсенал ова лето, пренесуваат италијанските медиуми.

Фото: Arsenal FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На денешен ден пред 27 години беше одиграно најшокантното финале во Лигата на шампионите (Видео)

Стадионот Камп Ноу во Барселона е местото каде што се одржале некои од најзначајните натпр…