
ФИФА Светското клупско првенство ќе отпочне на 15-ти јуни, а еве како изгледа трофејот што ќе биде доделен на победничката екипа, како и колку ќе се заработи.
Првото Светско клупско првенство во историјата наскоро ќе се отвори во Соединетите Американски Држави, и целата фудбалска заедница трпеливо го очекува овој значаен настан.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
На 13-ти јули, некој ќе го подигне овој уникатен трофеј, кој досега не беше освоен од никого.
Наградниот фонд е огромен како што фудбалот не видел досега.
Очите кон наградата. 🏆 #TakeItToTheWorld | #FIFACWC pic.twitter.com/qqqhMrvbES
— FIFA Club World Cup (@FIFACWC) June 1, 2025
Наградниот фонд изнесува неверојатни милијарда долари, а освојувачот може да си обезбеди околу 125 милиона долари. Половина од овие средства ќе се делат врз основа на спортски и комерцијални успеси меѓу 32-те клуба. Останатите 475 милиони долари ќе бидат распределени врз основа на резултатите на тимовите.
Тимот кој ќе слави на сите седум натпревари и ќе ја освои титулата, може во целост да заработи 125 милиона долари.
Правилата се речиси исти како тие на Светското првенство. Вкупно 32 екипи од сите континенти се поделени во осум групи, но нема натпревар за третото место.
По 12 екипи доаѓаат од Европа (Реал Мадрид, Манчестер сити, Челси, Бајерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, Салцбург). Азија дава четири (Ал Хилал, Урава, Ред Дајамондс, Ал Аин, Улсан), од Африка доаѓаат исто четири (Видад, Ал Ахли, Есперанс де Тунис, Мамелоди Сандаунс), Северна и Централна Америка имаат пет екипи (Монтереј, Сиетл Саундерс, Лос Анџелес, Пачука, Интер Мајами), а од Нов Зеланд пристигнува Окланд сити.
Фото: FIFA Club World Cup/X