
Голманот на лондонски Арсенал, Дејвид Раја, ја изненади јавноста облечен во костим на стјуардеса, додека им делеше колачиња на патниците во авион кој леташе кон Лас Вегас.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Раја одлучи да ја искористи паузата меѓу две сезони за да се ожени, а момачката вечер ја прослави токму во Лас Вегас.
На прославата присуствуваа не само неговиот брат Оскар, туку и шпанскиот комичар Томас Гарсија Серано, како и фудбалери од Ла Лига како Диего Рико Салгуеро од Хетафе и Адри Ембарба и Унаи Лопез од Рајо Ваљекано.
Друштвото беше одлично расположено, а на социјалните мрежи беше споделена фотографија на која шпанскиот фудбалер е облечен како стјуардеса, дели колачиња во авион.
Исто така, беа објавени и фотографии на кои Раја позира покрај базен со своите пријатели, но датумот на свадбата на Раја и манекенката Татиана Троубул се уште не е објавен.
