Дома Фудбал Арсенал испрати понуда за Ѓокереш, па следеше остар одговор од Аморим и Манчестер Јунајтед

Арсенал испрати понуда за Ѓокереш, па следеше остар одговор од Аморим и Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед имаше остар одговор откако Арсенал испрати официјална понуда до Спортинг од Лисабон за Ѓокереш.

Рубен Аморим започна со големи промени во екипата на Манчестер Јунајтед, и јасно е дека на овој тим му е потребен вистински напаѓач.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Веќе долго време Манчестер Јунајтед е поврзан со доведување на Виктор Ѓокереш, но останаа изненадени по потегот на Арсенал и веднаш одлучија да дадат остар одговор.

Челниците на Манчестер Јунајтед наводно веднаш решија да се откажат од доведувањето на напаѓачот на Спортинг, и се насочија кон играчот од Ајнтрахт Франкфурт, а неговото име е Хуго Екитике.

Екитике му помогна на тимот од Бундеслигата да се избори за Лигата на шампионите, постигнувајќи 22 голови и запишувајќи 13 асистенции во претходната сезона.

Од мај се зборува дека Ливерпул е многу заинтересиран за доведување на овој одличен млад фудбалер, но сега Флориан Плетенберг објави нови вести.

„Манчестер Јунајтед сега официјално одлучи да се вклучи во трката за потпис на Хуго Екитике.

Денеска остварија контакт со него, собираат информации и подготвуваат официјална понуда до клубот.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го советува Перез: Доведи го него!

Лука Модриќ по 13 години го напушта Реал Мадрид, а неговиот последен настап за „кралскиот“…